How to Win Friends and Influence People
Дејл Карнеги
Англиски · 2006
1.290 ден
Се вчитува…
Една од најдобрите книги на 2026 според Publishers Weekly „Крајно отрезнувачко четиво. Да, работите се толку лоши, но сè уште има многу за што да се бориме и многу што можеме да обликуваме, ако сме спремни да се соочиме со стварноста." The Guardian Повеќето луѓе денес носат тивко чувство дека нешто сериозно не чини. Не за една работа посебно. За сè одеднаш. Почетната позиција на Sarah Wilson е дека тоа чувство е точно, и дека преправањето дека не е ги чини луѓето повеќе отколку соочувањето. Секоја сложена цивилизација пред нашата минала низ системско распаѓање. Ние сме во едно такво. Тоа ѝ е претпоставката, и не троши ниту збор да го убеди читателот дека стравот му е претеран. Книгата е за тоа што доаѓа откако ќе го прифатиш тоа. Низ неколку години водела над двесте разговори со филозофи, поети, научници, теоретичари на игри и религиозни мислители, поставувајќи им многу практични прашања. Како се носат долгорочни одлуки кога долгиот рок е нејасен. Дали да се има деца. Што да се прави со парите. Дали подготвувањето е разумно или е начин да се скриеш. И она под сите нив: како да останеш човек што чувствува и е од корист, наместо да отрпнеш. Нејзиниот одговор не е ни оптимизам ни предавање. Тоа е внимание. Да го сфатиш сериозно она што навистина ти е вредно, што е и значењето на насловот, и околу тоа да градиш живот и заедница, наместо околу вестите. Wilson и претходно пишувала за анксиозноста, во First, We Make the Beast Beautiful, и за стравот пишува како човек што го знае одвнатре, а не како некој што го управува од далечина. Оригинално издание на англиски јазик. Тврд повез, 336 страници. Hay House, 2026 година.
Дејл Карнеги
Англиски · 2006
1.290 ден
Рајан Холидеј, Стивен Хенселман
Англиски · 2016
1.290 ден
Џош Вејцкин
Англиски · 2008
1.090 ден
Мортимер Џ. Адлер, Чарлс Ван Дорен
Англиски · 1972
1.090 ден